Стадиа

5/5
Нарачај веднаш!

Стадиа

★★★★★

Уранија е основана во 1992 година, со многу љубов, труд, и посветеност, како мал семеен бизнис. За кратко време премина во елитен ресторан каде што се бараше столче повеќе и во кој што секојдневни наши гости се многу бизнисмени, политичари, странски дипломати, уметници и спортски личности. 

Во 2005 година дојдовме до идеа да отвориме и ресторан за самопослужување (self service) по сите стандарди на ХАСАП ситемот, бидејќи брзиот ритам на живот ретко кога дозволува да се загубат еден час или повеќе за ручек пауза. Така, во периодот од 2005 до 2017 год., отворивме неколку вакви ресторани на познати локации во центарот на Скопје. Последниот self service ресторан од ваков тип го отворивме на Градскиот стадион, и го доби името СТАДИА.
Кај нас во СТАДИА, за само 15-тина минути и за стотина денари можете да вкусите разни видови готвени македонски јадења, како што се сарми, полнети пиперки, ќофте во сос, мусака, гравче, боранија, топли чорби, но има и скара, разни сендвичи и салати, но и хроно оброци (спремени по хроно стандарди).
Освен кујната за готвени јадења имаме и пекарска линија односно наша пекара во која ја правиме познатата крушевска пита со праз како и питата со тиква која е наш специјалитет.
Од нашата пекара можете да нарачате во секое време: кифлички, пастрмајлии, мекици, коктел пита, мини пици, разни кроасани и сл.
Вршиме и достава до дома и до Вашите работни места.

★★★★★

Целата наша храна е направена со љубов!

Работно Време

Пробајте ги највкусните готвени јадења и познатата крушевска пита секој работен ден од 09:00 – 16:30 часот и сабота од 10:00-15:30 часот.

Контакти

071 232 992

info@stadia.com.mk